Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Барнли го совлада Њукасл и се проби на седмото место во Премиер лигата

Екипата на Барнли со победа над Њукасл (1:0) направи пробив кон горниот дел на табелата во најквалитетното фудбалско првенство во Англија.

Единствениот гол во дуелот од 10. коло беше дело на Џеф Хендрик во 74. минута.

Со новите три бода Барнли се искачи на 7. место на табелата со вкупно 16 бодови. Њукасл е на 9. позиција со 14 бода.