Фудбал
ВИДЕО: Барселона се „прошета“ во Торино, Јунајтед со „петарда“ го испрати Лајпциг
Барселона се чини дека премногу лесно, или рутински стигна до победа од 2:0 на гостувањето кај Јувентус во Торино. Видно беше отсуството на Роналдо, но и на дефанзивците Кјелини и Де Лихт.
Дембеле во 14-та минута на асистенција на Меси, кој во 91 минута од пенал погоди, беа стрелци на головите.
Манчестер Јунајтед со 5:0 славеше против Лајпциг. Гринвуд, Рашворт хет трик и Марсиал погодија за убедлив триумф и прво место со максимални шест бодови.
Комплетни резултати ЛШ, групи Ф, Г, Х и Ј
Краснодар – Челзи 0:4
Башакшехир – ПСЖ 0:2
Севиља – Рен 1:0
Борусија Дортмунд – Зенит 2:0
Бриж – Лацио 1:1
Јувентус – Барселона 0:2
Ференцварш – Динамо Киев 2:2
Манчестер Јунајтед – Лајпциг 5:0