Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО Бизарно! Илјадници пчели два часа го прекинаа натпреварот во Индијан Велс

По италијанскиот тенисер Јаник Синер и домашниот ас Томи Пол, вториот и четвртиот носител, Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Данил Медвједев се пласираа во полуфиналето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс.

Во дерби натпреварот од четвртфиналето, Алкараз беше убедлив против Германецот Александар Зверев и испушти само четири гема за да победи со 6-3, 6-1. Зверев и понатаму води во меѓусебните мечеви, сега со 5-4, но Алкараз ја прекина серијата од два порази против него, а во исто време му се врати за поразот во четвртфиналето на овогодинешниот Австралија Опен.

Алкараз доминираше од почеток до крај, а имаше поголеми проблеми како и сите останати на стадионот со инвазијата на пчелите при 1-1 во првиот сет. Потоа мечот беше прекинат речиси два часа поради доста опасни моменти во кои илјадници пчели долетаа блиску до тенисерите и гледачите.

Една група пчели тргнала по дронот, а останатата ситуација ја спасил локален експерт за пчели кој ги растерал непоканетите посетители на овој натпревар.

Морам да признаам дека беше непријатно. Воопшто не се чувствував добро, да, малку се плашев за сите нас“, изјави Алкараз по мечот.

Во полуфиналето ќе има голема пресметка меѓу Алкараз и непобедливиот Јаник Синер. Италијанецот со 6-3, 6-3 го совлада Чехот Јиржи Лехечка и ја постигна 19-та последователна победа.

Русинот Данил Медвједев во четвртфиналето го победи Данецот Холгер Руне со 7-5, 6-4, а 20-годишниот Данец имаше шанса во двата сета. Во полуфиналето Медведев ќе игра против американскиот тенисер Томи Пол, кој го победи Норвежанецот Каспер Руд со 6-2, 1-6, 6-3.

АТП Индијан Велс, четвртфинале:

Карлос Алкараз (Спа/2) – Александар Зверев (Германија/6) 6-3, 6-1

Данил Медвједев (4) – Холгер Руне (Дан/7) 7-5, 6-4

Јаник Синер (Ита/3) – Јиржи Лехечка (Чешка/32) 6-3, 6-3

Томи Пол (САД/17) – Каспер Руд (Нор/9) 6-2, 1-6, 6-3