Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Брука на претставувањето на новото засилување на Барселона

Мартин  Брајтвајт пристигна во Барселона. Веројатно ниту тој самиот не сонувал дека еден ден ќе го облече дресот на каталонскиот гигант.

Но, неговото претставување не помина како што треба, односно како што се надеваше. „Својата вечер“ на стадионот „Камп Ноу“ ја имаше пред празни трибини.

Ги немаше навивачите кои порано доаѓаа при промоцијата на другите фудбалери и засилувања. „Гужва“ правеа само новинарските екипи.

Воедно во обид на традиционалното жонлгирање, имаше неколку пати проблем да ја крене топката од тревата.

За него на Леганес Барселона плати 18 милиони евра, а Брајтвајт доби четиригодишен договор.