Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дали Барселона е оштетена? Не доби пенал во судиско продолжение и остана без победа

Барселона одигра 2:2 на гостувањето кај Реал Сосиедад, што секако е дополнителен притисок во пресрет на „Ел Класико“. Сега Реал Мадрид има еден бод и натпревар помалку. Со евентуална победа на гостувањето кај Валенсија утре вечер ќе патува на „Камп Ноу“ со два бода предност.

Но, бурни реакции имаше вечерва по мечот помеѓу Сосиедад и Барселона. Голем број на фудбалски коментатори и критичари, но и весници сметаат дека Барселона беше оштетена бидејќи не и бил досуден чист пенал во судиското продолжение.

Во видеото е таа ситуација, проценете сами дали имало пенал врз Пике.