Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дали Роналдо го опцул Сари при напуштање на теренот?

Втор пат за само неколку дена Роналдо е изваден од игра пред да заврши мечот, нешто што се случува многу ретко. Тренерот на Јувентус Маурицио Сари одлучи да го повлече од игра Португалецот по само десетина минути игра во вториот дел од мечот со Милан (1:0).

Тренерот тврди дека нема никаков проблем, но сепак италијанските медиуми ангажирале експерти кои „читале од усните“ на Роналдо. Тврдат дека тој при напуштањето на теренот на Сари му рекол „Ку***н син“. Се уште не се огласиле ниту Роналдо ниту Сари по овие натписи, но наскоро секако ќе можеме да слушнеме и од нив што точно се случило.