Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Де Бруин: Па јас и со сопругата понекогаш се спречкувам

Белгискиот фудбалер Кевин де Бруи на полувремето од средбата на Манчестер Сити со Наполи влезе во конфликт со соиграчот Давид Силва. Нивната вербална пресметка беше на раб да премине во физичка, но за среќа страстите се смирија на време.

По инцидентот се огласи Де Бруин кој рече дека дошло до мала расправија и дека тоа била нормална работа.

-Никаква фрустрација, само мала расправија. Се случуваат такви нешта, ништо страшно. Па јас и со мојата сопруга понекогаш дома ќе се спречкам, тоа е нормално. Верувајте ми дека јас заборавив на ситуацијата по две минути, објаснува Де Бруин.

Сити го победи Наполи со 2:1 и остана на првото место во групата Ф со максимални девет бодови со големи шанси да се пласира во следната фаза.