Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Детето кое Азар го „шутираше“ сега е милионер

Кариерата на Еден Азар ја одбележаа врвни потези, но еден срамен ќе остане запаметен. Во полуфиналето на Лига Купот, Челзи играше против Свонси во 2013-та година.

Еден Азар играше за лондонските „сини“. Во еден момент беше досуден корнер за Челзи, детето задржуваше време со тоа што не ја враќаше топката во терен, па Азар почна да го шутира. На крајот Свонси го елиминираше Челзи.

Англичаните се обидоа по седум години да го пронајдат тоа момче, и успеаја. Чарли Морган денеска е милионер. Освен тоа што наследил пари од неговиот татко, заедно со неговиот пријател развил сопствен бизнис. Основал компанија за производство на водка, која многу брзо станала популарна во Велика Британија.