Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Девојче доби удар во главата од Надал, а потоа извинување и подарок

Најдобриот тенисер во светот во моментов Рафаел Надал на мечот против Федерик Делбонис случајно со топчето погоди девојче, задолжено за собирање на топки. Ударот беше причично силен, а Надал веднаш дотрча да се увери дали девојчето е добро.

Откако беше се во ред, ја бакна како извинување, а по мечот и даде и подарок.

-Искрено се преплашив. Топчето беше навистина брзо и ја погоди во главата. Таа е супер храбро девојче, изјави Надал по мечот.