Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Џерард и Ренџерс го добија „вечното“ дерби со Селтик

Глазгов Ренџерс ја врати неизвесноста во трката за шампионската титула во Шкотска. Како гости славеа со 2:1 во вечното дерби и му го нанесоа првиот пораз на Селтик по 29 меча на домашен терен. Последен пат популарните „детелинки“ загубија во мај 2018 година. Ова воедно е прва победа на Ренџерс на гостувањето кај вечниот ривал од 2010-та година.

Селтик е лидер со 52 бодови, Глазгов е втор со 50.