Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Досега невидено – Само што започна борбата, боксерот го напушти рингот

Бизарна победа синоќа забележа Нигериецот Ефе Ајагба против Американецот Куртис  Харпер.

Харпер направи досега невиден потег и го напушти рингот на самиот почеток на борбата. Очекувано поради овој потег е дисквалификуван и победата му припадна на Ајагба.

Американскиот боксер на крајот откри зошто едноставно си замина од рингот. Својот чин го оправда како протест затоа што добил мал хонорар на овој меч.

Сепак, направи голем глупост и тешко дека во иднина ќе добие било каква шанса за да се бори.