Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Два гола и една асистенција на Несторовски во триумфот на Палермо против Карпи

Илија Несторовски одигра уште еден одличен натпревар за својот клуб Палермо синоќа на гостувањето кај Карпи. Македонскиот репрезентативец и капитен на Палермо во победата од 3:1 ги постигна првите два погодоци и асистираше при третиот гол на Ембало.

https://www.youtube.com/watch?v=cnERQXxZxXM

За домаќините погоди Сабионе.

Вториот македонски репрезентативец во тимот од Сицилија остана на клупата за резервни играчи.

Палермо по 11 рунди во Серија Б се наоѓа на третата позиција со 18 бода.

Лидер на табелата е Емполи со 20, пред Фросиноне со 19 бода.