Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Два гола на Порто по рестартирањето на сезоната, двата се дело на Корона

Порто е на челот на португалската Примера. Бенфика на паузата поради коронакризата влезе со две нерешени средби, а по рестартот повторно две ремија. Порто го искористи тоа, па со минимална со 1:0 над Маритимо дојде на врвот.

Мечевите од 26.коло ги одбележа прекрасниот гол на играчот, кој ни крив ни должен стана познат во последните неколку месеци поради неговото презиме. Се вика, Жезус Корона, а интересно е тоа што Порто постигна два гола по рестартирањето и двата се негово дело.