Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Еден Македонец, сите Италијанци, им ја зема бронзата

Македонскиот пливач, 15-годишниот Стефан Цветковски освои бронзен медал на еден од најсилните наторевари за млади во Европа, 23 меморијален интернационален натпревар DI NUOTO – CHIARA GIAVI кој се одржа во Италија.

Тој во својата трка беше единствен Македонец, а сите натпреварувачи од Италија.

Младиот македонски пливач Стефан Цветковски одлично напредува во својата кариера. Неговиот последен успех е поставување на нов државен рекорд во категоријата кадети, во дисциплината 50 метри „делфин“.

Тој имаше време од 26,02 секунди, со што го урна рекордот поставен пред пет години од Иван Симоновски. Стефан Цветковски е член на пливачкиит клуб „Скопје“, а последното негово големо остварување го направи на Меѓународниот турнир „Гран при Зрењанин“, од каде се врати со две сребрени медали.

Погледнете го видеото и трката.