Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Една поинаква статистика – Како Роналдо ги прославува головите во Јувентус

Газета дело Спорт објави интересна статистика. Имено, Кристијано Роналдо веќе стигна до бројката 50 голови во дресот на Јувентус. Она што е интересно е тоа што угледниот италијански весник направил статистика како Португалецот ги прославува головите.

Па според Газета дело Спорт 23 пати прославил со славното негово „Сиу“ кога скока и се врти, девет пати со прегратка со своите соиграчи, седум пати не го прославил погодокот, три пати со порака „Тука сум“, исто толку пати со лизгање на колена, еднаш со аплауз до ВАР, додека своите стомачни мускули го покажал само еднаш.