Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Елмас на клупа, Лукаку царуваше – Интер по 22 години го освои Неапол

Интер славеше на теренот на Наполи по 22 години со 1-3 (1-2). Елиф Елмас не доби ниту една минута од тренерот Гатузо.

На „Сан Паоло“ се очекуваше спектакл, па може да се каже дека очекувањата ги оправда тандемот Лукаку – Лаутаро. Голгетерите на Интер стигнаа до бројката од вкупно 23 гола (Лукаку 14, Лаутаро 9) по денешниот дуел. Белгиецот во 14-тата, а потоа и во 33-тата минута на двапати го совлада голманот Мерет, на што домаќините одговорија преку Милик пред паузата.

Лукаку беше двоен стрелец во победата над Наполи, Интер на Сан Паоло прв пат по 22 година се радува на победа во меч од Серија А.

„Важно е да имате голем лидер како Антонио Конте на клупата, за вака млад состав клучно да имате некој со толку големо искуство“, вели Лукаку.

Интер ја прекина серијата од 22 години без победа на „Сан Паоло“ и остана во игра за есенската титула. Со ист број на бодови во 19. коло ќе влезат и Јуве и Интер, со тоа што „старата дама“ гостува кај Рома, а Интер ја пречекува Аталанта.