Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Емоционално, дебитираше за саканиот клуб на 33 години и ја сочува мрежата против Челзи

Вест Хем го изненади Челзи славејќи со 1:0 на „Стемфорд Бриџ“. Една важна промена направи тренерот на гостите Мануел Пелегрини, на голот наместо Роберто Хименес го прати Дејвид Мартин.

Хименес очајно бранеше прими дури 19 голови на осум настапи, а денеска мрежата остана празна на Вест Хем.

На Дејвид Мартин, кој има 33 години, ова му беше дебитантски настап на голот на Вест Хем, тим за кој навива целиот свој живот. По мечот го совладаа емоциите. „Падна“ на теренот и плачеше, се разбира од среќа.