Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Еве како Турчинот Јазичи со три гола на „Сан Сиро“ ја прекина серијата од 24 меча без пораз на Милан

Екипата на Милан по 24 меча во низа во сите конкуренции, синоќа доживеа пораз на домашен терен од третото коло од Лига Европа и тоа од Лил. Ако се додадат и четирите пријателски средби во подготвителниот период, тогаш Милан имаше 28 меча вкупно без пораз. Никој не очекуваше дека токму на овој меч ќе биде прекината успешната серија на „Росонерите“ која трае од март оваа година. Последен пат загубија тогаш од Џенова со 1:2 исто така на домашен терен.

Херој на Лил е Турчинот Јазичи кој ги постигна сите три голови. Јазичи стана првиот играч во историјата на големите европски турнири под капата на УЕФА, кој успеа да постигне два хет-трика на гостински терен во една сезона. Да потсетиме, во 1. коло од групната фаза во Лига Европа, тој постигна три гола на гостувањето кај Спарта Прага (4:1).

loading...

Facebook