Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Филип Талевски прогласен за играч на мечот, еве и зoшто

По завршувањето на мечот веднаш беше прогласен играч на натпреварот. Иако се многумина очекуваа дека тоа ќе биде Кире Лазаров кој го реши натпреварот, или Никола Митревски кој имаше фантастични 15 одбрани, сепак тоа беше Филип Талевски.

Инаку, Талевски мечот го заврши со четири погодоци. Имаше и три асистенции. Одлуката на претставниците на ЕХФ е изненадувачка особено поради тоа што Лазаров го реши мечот, а Никола Митревски имаше 15 одбрани. Но, сега тоа е помалку важно, најважна е победата.