Connect with us

SPORTM.mk

ВИДЕО: Фудбалерите на Јувентус немаа милост кон Сари

Јувентус ја слави својата 36. титула во Италија.

Старата дама ја совлада Сампдорија со 2: 0 и славењето започна на секаде низ Торино. Ова е прва титула во кариерата за Маурицио Сари и тој е веројатно најсреќниот човек на светот.

Секако, тренерот на Јувентус по натпреварот заврши со капење во шампањ, а фудбалерите ја искористија можноста да го попрскаат со разни супстанции.

А тоа не му пречеше премногу на Сари. Сè беше небитно за него вечерта по натпреварот, затоа што дојде до својата прва тренерска титула.