Фудбал
ВИДЕО: Фудбалска ѕвезда на столбот на срамот, одби да донира, а објавен е неговиот скапоцен возен парк
Емануел Адебајор јавно порача дека нема да донира за коронакризата. Како што вели тој, секогаш во животот правел што сака и живеел како тој сакал, па никакви критики нема да го сменат. Воедно порача да не го споредуваат ниту со Дидие Дрогба, ниту со Самуел Ето.
Сега, Адебајор се наоѓа на столбот на срамот. Тој објави видео од неговиот скапоцен возен парк и напиша -Ова е видео кое покажува дека можете да успеете. Тагирајте пријател кој мора да го види ова.