Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Го добивме најбизарното исклучување во 2020-та година

Неверојатна ситуација се случи во Шпанија, поточно во Ла Лига 2, на мечот помеѓу Фуенлабрада и Џирона. Домашниот фудбалер Кристобал заработни бизарно исклучување.

Имено, тој во 68-та минута доби директен црвен за остар прекршок. Сепак, по ВАР снимката судијата ја смени одлуката, го поништи црвениот, му покажа жолт картон и го врати од соблекувалните на теренот. Но, кога се враќаше фудбалерот влезе во конфликт со еден од гостинските играчи, па судијата поради тоа им покажа жолти картони. За Кристобал тоа значеше втор жолт и исклучување.

Со играч помалку неговиот тим не успеа да избегне пораз, па Џиорна со голот на Стуани славеше со 1:0.