Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Гол од корнер на Крос, Реал Мадрид во финале, ја чека Барселона

Реал Мадрид е првиот патник во финалето на Суперкупот на Шпанија, откако во Џеда, Саудиска Арабија во првото полуфинале ја совлада Валенсија. Крос 15-та, Иско 39-та и Модриќ 65-та беа стрелци на головите.

Особено мајсторски беше оној на германскиот репрезентативец кој го искористи невниманието на фудбалерите и голманот на Валенсија, па ја затресе нивната мрежа директно од корнер знаменцето.

Единствениот гол за Валенсија беше дело на Парехо во втората минута од судиското продолжение.

Второто полуфинале се игра утре помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид.