Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Голден стејт со пресврт славеше над Вашингтон

Пред самиот крај на првото полувреме, Грин и Бил се степаа. Тепачката почна со по некој лакт и бокс, па фатија да се влечат и паднаа под кошот. На другите тешко им беше да ги разделат, по некоја минута тоа се случи, Грин беше со искинат дрес, а двајцата кошаркари беа исклучени.

Што се однесува до мечот, Вашингтон во третиот период во неколку наврати имаше 18 поени разлика. Но Голден стејт со одлична игра во финишот од четвртината и последниот период направи комплетен пресврт и на крајот славеше со 120:117.

Во составот на Голден стејт, најефикасен беше Дурент со 31 поен, кај Вашингтон Портер имаше 29.

https://youtu.be/fVLCURplkHo

Резултати:

Шарлот – Хјустон 93:109
Орландо – Сан Антонио 114:87
Атланта – Денвер 100:105
Њујорк – Бруклин 107:86
Минесота – Оклахома 119:116
Голден стејт – Вашингтон 120:117
ЛА Лејкерс – Торонто 92:101