Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Гореше на „Монументал“ Ривер Плата го доби „Суперкласико“

Ноќеска на стадионот „Монументал“ се одигра дуелот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, познати уште како „Суперкласико“. Славеше Ривер со 2:0, со што обезбеди добра предност пред реваншот. Ова е прва полуфинална пресметка на двата големи и лути ривали од Аргентина, во Копа Либертадорес.

Домаќинот доминираше на првиот меч, Рафаел Боре од пенал донесе водство, а точка на мечот стави Игнасио Родригез. Во тимот на Бока Јуниорс го немаше Де Роси, а проблемот да биде уште поголем останаа и без исклучениот Капидал.

Да потсетиме дека Ривер ја брани титулата, а четири пати славеа во Копа Либертадорес. Бока има два наслова шампион на Јужна Америка, но последен пат славеа во 2007 година, а во последната деценија два пати загубија во финалето.

Реваншот се игра на 23 октомври, а второто полуфинале е бразилско, а се срежаваат Гремио против Фламенго.