Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Град Скопје нема да го спасува Вардар-Шилегов нема намера да ги изложува на трошоци скопјани

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека нема намера да ги изложува граѓаните на трошоци за фудбалскиот клуб Вардар.

-Вардар е даден како што е даден, со десет годишен договор во кој што инвеститорот си има свои обврски. Јас немам намера граѓаните на градот Скопје да ги изложам на трошоци од 3,5 милиони коишто сега се во моментот, но и 5-6 милиони колку што чини клубот годишно, вели првиот човек на Град Скопје.

Шилегов додава дека нема намера граѓаните тоа да го плаќаат преку буџетот на Град Скопје.

loading...

Facebook