Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Граѓаните“ се подобри од Јунајтед

Манчестер Сити имаше брилијантно прво полувреме кое го добија со 3-0.

Составот од „Итихад“ беше доминантен на „Олд Трафорд“ и заслужено дојде до триумф со кој си го отвори патот до финалето на ова натпреварување.

Реваншот меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед на „Итихад“ ќе се игра на 29 јануари. Доколку Манчестер Јунајтед се надмине и на гости победи со два гола, тогаш патникот во финалето ќе го дадат пеналите со оглед на тоа што головите на гости не се бројат во Карабао Купот.