Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Гранада требаше да добие црвен картон, па Барселона да победи

Барселона доминираше против Гранада. Не му дозволи на противникот на упати ниту еден удар во рамките на голот. Сепак, тешко успеаја и Каталонците да го најдат патот до мрежата на гостите. По неколкуте пропуштени шанси и црвениот картон на Санчез во 69-та минута, конечно Барселона успеа да погоди.

А, кој друг ако не Лионел Меси. Се играше 76-тата минута, одлична комбинација на неколку фудбалери, Видал атрактивно се пета го проигра во празно меси, кој од неколку метри стрела неодбранливо.

Се чини дека трката за титулата ќе биде неизвесна. По 20 одиграни кола Барселона и Реал Мадрид имаат ист број бодови, по 43.

Standings provided by Sofascore LiveScore