Други спортови
ВИДЕО: Хамилтон победи на Гран при на Бахреин, трка на која Грожан спасуваше жива глава
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката од шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Бахреин.
Британскиот возач и денес потврди дека во моментов е најдобар и заслужено ја освои шампионската титула.
Второто место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул. Неговиот партнер Александар Албон заврши на третата позиција.
На почетокот на трката, пилотот на Хас, Ромен Грожан, доживеа сериозна несреќа. Неговиот болид при удар во заштитната ограда се преполови и експлодира. Грожан е однесен во болница, а трката беше прекината подолго време.
We are so thankful that Romain Grosjean was able to walk away from this. We did not need a reminder of the bravery and brilliance of our drivers, marshals, and medical teams, nor of the advances in safety in our sport, but we truly got one today#BahrainGP ?? #F1 pic.twitter.com/z8OeTU5Nem
— Formula 1 (@F1) November 29, 2020
По вториот старт дојде до судир меѓу Данил Квјат и Ленс Строл. Русинот беше казнет со 10 секунди за овој инцидент, а болидот на Строл се преврте, но тој за среќа остана неповреден.
На три круга пред целта се запали автомобилот на партнерот на Строл, Серхио Перез, кој во тоа време беше трет, ама за негова жал не успеа да ја заврши трката.