Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хартиено авионче предизвика екстаза на „Вембли“

Авионче направено од хартија фрлено од еден навивач на Англија од трибините на „Вембли“ предизвика еуфорија кај навивачите на „Гордиот Албион“ кои синоќа немаа многу шанси да се радуваат, бидејќи нивната репрезентација дури во судиското надополнување го скрши отпорот на Словенците.

Хартиеното авионче откако прелета добар дел од стадионот слета во голот на Џо Харт и предизвика воодушевување кај публиката.

Англија на крајот ја победи Словенија со 1:0 и се пласира на СП 2018.