Фудбал
ВИДЕО: Храбриот Удинезе без Несторовски му одржа лекција на Лацио среде „Олимпико“
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не настапи за Удинезе на попладневниот меч на гостувањето кај Лацио. Сепак,без него, неговиот тим им одржа вистинска лекција на „Сините“ среде „Олимпико“.
Удинезе славеше со 3:1 со што стигнаа до втората победа во низа, или трета вкупно во девет одиграни кола од новата сезона. Арслан 18-та, Пусето 45+3 и Форестиери 71-та беа стрелци за гостите, а во 74-тата Имобиле од пенал успеа само да го ублажи поразот. Со ова Лацио пропушти прилика да го одржи чекорот со водечките, додека Удинезе со новите три бода го напушти самото дно на табелата.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не беше во протоколот за овој меч, бидејќи како што е познато, тој е позитивен на Ковид 19.