Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: „Лудило“ откако се огласи сирената

Епски меч одиграа Норвешка и Хрватска во првото полуфинале на ЕП во ракомет. По две продолженија од по 10 минути, односно 80 минути вкупно „Коцкестите“ победија со 29:28 со голот на Муса во последните секунди од второто продолжение. Радоста на ракометарите на Хрватска не се опишува, а селекторот Лино Червар како да не можеше да верува што се случува.