Connect with us

Фудбал

ВИДЕО Играч на Барса собори светски рекорд: Погледнете како изгледа гол од 230 км/ч

Играчот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез во 36. минута од натпреварот против Шахтјор Доњецк направи подвиг за историјата на Лигата на шампионите и светскиот фудбал.

20-годишникот го постигна вториот гол на спектакуларен начин за победа од 2-1.

Тој ја испрати топката во голот со најголема брзина одмерена до овој натпревар. Од работ на шеснаесетникот ја заби топката во голот со 230 километри на час. Ова е апсолутен рекорд кога станува збор за голови каде што е измерена брзината на траекторијата на топката.

Фермин далеку зад себе го остави досегашниот рекордер Рони Еберсон од Спортинг Лисабон, кој постигна гол со брзина од 210 км/ч. Трет е Арјен Робен, кој погоди со шут од 190 км/ч, следен од Стивен Рид со 189, а петти е Роналд Куман со гол постигнат од 188 км/ч.