Вардаровиот десен бек Ховханес Хамбарџумјан, постигна гол за ерменската репрезентација во вчерашниот натпревар против Полска на домашен терен. Хамбарџумјан во 39. минута после изведен корнер, највисоко скокна и со глава го совлада противничкиот голман.