Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер го загуби здивот остана без победа на „Виа дел Маре“

Интер го губи здивот и трката со Јувентус. „Старата дама“ вечерва има можност да „избега“ на плус четири, откако „Нероаѕурите“ одиграа само 1:1 на гостувањето кај Лече, забележувајќи го второто реми во низа.

На овој меч избраниците на Антонио Конте играа тешко, ретко влегуваа во шанси, а во вториот дел, односно 72.минута,  од една таква ситуација дефанзивецот Бастони им донесе предност од 1:0. Сепак, радоста на гостите траеше точно пет минути. По еден долг напад на домаќините Маносу израмни на 1:1.

Со ова реми Интер има 47 бодиви, еден помалку од Јувентус, кој вечерва против Парма го игра својот меч од ова коло.

Серие А, 20.коло

Недела:

Милан – Удинезе 3:2

Болоња – Верона 1:1

Бреша – Каљари 2:2

Лече – Интер 1:1.

Џенова – Рома (18:45ч)

Јувентус – Парма (20:45ч)

Сабота:

Лацио – Сампдорија 5:1

Сасуоло – Торино 2:1

Наполи – Фиорентина 0:2

Понеделник:

Аталанта – Спал (20:45ч)

Standings provided by Sofascore LiveScore