Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер на „крилјата“ на Лукаку, големото засилување Ериксен „невидлив“ на теренот

Интер конечно забележа победа по три ремија со идентични 1:1. Вечерва го совлада Удинезе на гостински терен со 2:0. Двата гола беа дело на Ромелу Лукаку. Првиот во 64-та минута кога одлично се снајде во казнениот простор на домаќините и низ нозете на еден од дефанзивците го измами противничкиот голман и ја смести топката во мрежата на Удинезе.

Вториот беше од пенал во 71-та минута, откако претходно најстрога казна изнуди Алексис Санчез. Со ова Лукаку стигна до 15-тиот гол во оваа сезона, а Интер ја врати негативата во однос на Јувентус на три бодови.

Вреди да се напомене дека на овој меч од првата минута настапи големото засилување Ериксен кој беше „невидлив“ на теренот, па на негово место во вториот дел влезе Марсело Брозовиќ.

Standings provided by Sofascore LiveScore