Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер направи чудо, спектакуларен пресврт за триумф во дербито против Милан

Фантастичен меч, дерби во вистинска смисла на зборот. Шест голови, стативи, пречки, пропуштени шанси, голема борба, жар, фантастична атмосфера на трибините. На крајот победа на Интер и тоа каква, со 4:2, преку спектакуларен пресврт.

Милан во првиот дел беше надмоќен. Играше, диктираше темпо, а средината на Интер како да ја немаше. Сосела заслужено Милан постигна два гола преку Јовиќ и Ибрахимовиќ во последните пет минути од првиот дел.

Очајот на лицата на фудбалерите на Интер, но и она што го прикажа Милан во првиот дел говореше само едно, дека вечерва дербито е „црвено-црно“. Но, веројатно Антонио Конте беше еден од ретките кои веруваше дека може чудо да се случи, и навистина се случи. Не е познато што точно Конте им кажал на полувремето, но Интер излезе со истиот тим како од првите 45-минути, без ниту една промена, и следуваа два гола за две минути. Најнапред Брозовиќ, а потоа Весино.

Малку само Милан успеа да ја стабилизира играта на средината на теренот, но Интер како да беше друга екипа. Фантастично фунционираше тимот, па следуваа уште два гола во мрежата на условно речено гостите, преку Де Фрај, а во судиското продолжение погоди и Лукаку. Во меѓувреме Ибрахимовиќ погоди статива, но и на спротивната страна Ериксен од слободен удар ја погоди пречката.


Standings provided by Sofascore LiveScore