Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер убедлив против Каљари, гол постигна дури и Ранокија

Интер го совлада Каљари во Купот на Италија со убедливи 4:1. Само што почна мечот, во првиот напад „Нероаѕурите“ поведоа преку Лукаку. На 2:0 зголеми Борха Валеро во 22.минута, а со овој резултат се замина на паузата.

Како во првиот, така и во вториот дел, во првите минути нов гол за Интер и повторно Лукаку. Во 73.минута Каљари намали на 3:1 преку Олива.

Конечните 4:1 ги постави дефанзивецот Ранокија во 81.минута кој прв пат по доаѓањето на Конте настапува од првата минута.

Претходно во Купот Наполи ја совлада Перуџа со 2:0, Елмас одигра цел меч, а Лацио беше убедлив со 4:0 против Кремонезе. Утре се играат мечевите Фиорентина – Аталанта, Милан-Спал и Јувентус-Удинезе.