Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Ирвинг со 50 поени сруши рекорд во НБА стар 35 години

Ниту 50 поени постигнати од страна на Кајри Ирвинг не беа доволни Бруклин да го избегне поразот. Екипата на Бруклин загуби од Минесота со 127:126 по продолжение во првиот дуел за двата од новата НБА сезона.

Воедно, Кајри Ирвинг со овој негов учинок сруши рекорд стар 35 години, односно влезе во историјата како прв кошаркар кој на дебитантскиот натпревар, односно прв натпревар во сезоната постигнал 50 поени на еден меч.Претходниот рекорд го држеше Кики Вандевеге кој во 1984 постигна 47 поени во дресот на Филаделфија.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Чикаго 126:125
Индијана – Детроит 110:119
Орландо – Кливленд 94:85
Бруклин – Минесота 126:127 (по продолжение)
Мајами – Мемфис 120:101
Филаделфија – Бостон 107:93
Далас – Вашингтон 108:100
Сан Антонио – Њујорк 120:111
Јута – Оклахома 100:95
Феникс – Сакраменто 124:95
Портланд – Денвер 100:108.