Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Избегната трагедија на летот на Реал Мадрид, проблемот на авионот откриен на време

Реал Мадрид на Твитер објави видео од поаѓањето на мадридскиот авион околу 11:30, меѓутоа авионот не полетал во планираниот термин. Имено, механичарите на време откриле дефект на хидрауликата на авионот, па летот беше откажан, а со тоа е избегната евентуална трагедија. Експедицијата на Реал Мадрид во меѓувреме ја смени рутата за патувањето кон Реал Сосиедад. Полетаа од Мадрид од Виторија, па од таму со автобус до Сан Себастијан.

Во хотелот треба да пристигнат во 15 часот, а мечот се игра вечерва во 21 часот.