Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Изјавата на Ибрахимовиќ за која зборува цела Италија

-Само се загревам, на овој начин Златан Ибрахимовиќ почна да одговара на прашањата по завршувањето на мечот против Удинезе на кој тој постигна магичен гол за победа од 2:1.

Со ова тој стигна до бројката од седум голови во сезоната и воедно е прв стрелец во лигата. Никој не очекуваше и веруваше дека со 39 години токму тој ќе го носи Милан во фантастична серија и во моментов до врвот на табелата.

Покрај другото тој зборуваше и за голот кој го постигна и тоа во негов стил

Тоа беше единствениот начин да ја испратам топката во гол. Некогаш влегува во голот, а некогаш не. Овој пат влезе, а наредниот пат…исто така ќе влезе, не се грижете, низ смеа изјави Ибра.

loading...

Facebook