Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Јувентус не може без Роналдо, се врати после короната, влезе од клупата и постигна два гола

Роналдо не играше против Кротоне и Верона во Серие А, а Јувентус не победи. Вечерва влезе од клупата за резервни фудбалери против Специја и тоа при резултат 1:1, па со два гола е најзаслужен за победата на „Старата дама“. Барем на овие мечеви се покажа дека Јуве не може без Роналдо. Во игра влезе во 56-та, а три минути подоцна постигна гол. Вториот беше од пенал. Претходно погодија Мората и Рабио. Јуве сега е на второто место со 12 бодови, четири помалку од лидерот Милан.

loading...

Facebook