Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Како Де Брујн со дриблинг го „легна“ Лука Модриќ

Манчестер Сити одигра фантастичен меч синоќа и славеше со 2:1 на гостински терен против Реал Мадрид, со што има големи шанси во пресрет на реваншот, да се пласира во следната рунда во ЛШ.

Одлична вечер имаше Белгиецот Кевин Де Брујн кој беше асистент на еден погодок и стрелец на победничкиот гол од пенал. Тој беше најдобриот на теренот, а со неговите потези ги воодушеви гледачите. Со еден таков потег, односно дриблинг го „легна“ Лука Модриќ.