Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Како Кирјос го исмејуваше Рафаел Надал

Австралискиот тенисер Ник Кирјос ги привлече вниманието на Австралија опен за време на мечот против Жил Симон од второто коло кој тој го доби со 3:1во сетови и обезбеди пласман во следната рунда.

Во еден момент тој доби опомена од судијата дека премногу време троши на подготвување на сервисот, но Кирјос одговори на интересен начин, покажувајќи како Рафаел Надал со неговите потези го троши времето, па не добива опомена.

Со ова тој ја насмеа публиката, но успеа да изнуди насмевка и на лицето на судијата.