Фудбал
ВИДЕО: Каква акција на Наполи, ја почна голманот, три додавања и гол за 1:1 против Интер
На пет минути пред крајот на првиот дел Наполи го израмни резултатот против Интер на 1:1. Стрелец на голот беше Мертенс. Акцијата на Наполи ја почна голманот Оспина со долга топка кон Инсиње, тој направи неколку чекори напред, го проигра Мертенс на кој не му беше тешко да го совлада Хандановиќ.
Со овој резултат Наполи оди во финалето, бидејќи на првиот меч славеше со 1:0. Сепак, има да се играат уште 45 минути.