Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кикс на Барселона, шанса за Реал Мадрид за предност пред „Ел Класико“

Барселона одигра само 2:2 на гостувањето кај Реал Сосиедад, но остана на првото место на табелата со 35 бодови. Сепак, Каталонците сега имаат само еден бод предност, но и натпревар повеќе од Реал Мадрид, кој утре вечер гостува на Валенсија.

На 18 декември се игра првото „Ел Класико“ оваа сезона, па ова ќе биде можност за Реал Мадрид со евентуална победа против Валенсија да отпатува со два бода предност на „Камп Ноу“.