Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Клоп стоеше како статуа и гледаше како се загрева Лидс, а неговата реакција на крајот од натпреварот кажува се

Првото коло од новата сезона во Англија го донесе дуел помеѓу победниците од Премиер лигата и Чемпионшип. Ливепул го победи Лидс со 4:3.

Натпреварот на „Енфилд Роуд“ беше навистина фантастичен. Иако на трибините немаше гледачи, играчите на двата тима се погрижија за што подобар старт на најатрактивната лига во светот.

Јирген Клоп го примени својот метод на скенирање на противничките играчи за време на загревањето. Германецот стоеше на својата половина како статуа и гледаше како се загреваат играчите на Лидс.

За Клоп тоа е вообичаена пракса, но овој пат тој изгледаше изненадено од она што го виде и може да се каже дека методите на работа на Марсел Биелса за германскиот тренер се ново искуство за него.

Кога натпреварот заврши и се играше крајот, Клоп можеше да здивне, но неговата реакција најдобро покажува дека тој бил доста импресиониран од Лидс и од начинот на кој играл тимот.

Клоп имаше само еден збор за белите од Еланд Роуд, а тоа беше: „Wow“.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com