Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кога фудбалер ќе помисли дека е голман, Манчестер Јунајтед не „простува“

Манчестер Јунајтед се чини дека уште по првото полувреме го реши патникот во следната рунда на пресметката со Бриж. По оние 1:1 на гостински терен, вечерва на „Олд Трафорд“ по 40-тина минути игра води со 3:0.

Фернандеш, Игало и Мектоминај беа стрелци на головите. Но, се почна во 27-та минута кога фудбалерот на Бриж, Дели помисли дека е голман, па се испружи при шутот на Џејмс и со рака го одбрани својот гол.

Секако, за овој негов непромислен потег заработи директен црвен картон, а Фернадеш пеналот го претвори во гол, по што „бродот“ на Бриж почна да тоне на овој меч.