Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кога сите мислеа дека е крај на серијата, „бум“ Фирмино за 14-та победа во низа

Нема крај на успесите на Ливерпул. Вечерва тимот на Јурген Клоп ја забележа 14-тата победа во низа. Вулверхемптон беше на чекор да го сопре Ливерпул, но сепак на крајот загуби со 2:1 на домашен терен.

По само осум минути игра Хендерсон му донесе предност на Ливерпул. Во 51-та минута израмни Хименес, а новата победа на „Црвените“ им ја донесе Фирмино во 84-та минута.

Ливерпул е далеку на врвот со 67 бодови, дури 16 предност во однос на Манчестер Сити кој е втор.

Standings provided by Sofascore LiveScore