Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Конечно причина за радост за Мурињо, Тотенхем победи

Тотенхем славеше против Норвич со 2:1 во рамките од 24.коло од англиската Премиер лига. Ова е прв триумф на Мурињо и тимот во лигата во 2020-та година. Последен пат во Премиер лигата славеа против Брајтон со 2:1.

Деле Али и Сон беа стрелци на головите за Тотенхем, а Пуки од пенал за гостите.

По два порази во низа, конечно триумф и на Лестер. На домашен терен со убедливи 4:1 го совлада Вест Хем.

Вечерва се игра и дуелот Манчестер Јунајтед – Барнли, а „Црвените ѓаволи“ на домашен терен губат со 2:0 по 70 минути игра.

Тотенхем – Норвич 2:1

Лестер – Вест Хем 4:1